Зошто животот на село е поубав?
10 предности кои ги нуди животот на село
Во годините пред пандемијата на Ковид-19, сѐ повеќе луѓе претпочитаа да живеат во град. Ги напуштаа селата, купуваа станови, па дури тогаш ја сфатија разликата меѓу урбаниот и руралниот живот.
А, разликите се очигледни… Животот во градот често значи повисоки плати, поголем избор на стоки и услуги, повеќе можности за образование, забава и подобра медицинска нега. Сѐ ова, сепак, сега е сѐ подостапно и во селата, па сѐ повеќе луѓе сфаќаат дека сакаат да живеат на село…
Следат 10 од предностите кои ги нуди животот на село.
1. Селанецот диши свеж воздух секој ден. Нема мирис на гас од автомобили, депонии, преполни канти за отпадоци итн.
2. Во селата се живее тивок и мирен живот. Градот е секогаш бучен, патиштата се пренатрупани со сообраќаен метеж, а тука е и индустриската бучава, зградите, побројните бучни соседи и угостителските објекти.
3. На село се јаде чиста, свежа и здрава храна. Додека во градот сѐ е купено од продавница, селскиот живот нуди неверојатна можност да одгледувате своја храна.
4. Се трошат помалку пари. На село, трошоците за живот се несомнено помали – цените на стоките се пониски, а и потребите на човекот се поскромни.
5. Никогаш не сте сами. Многу луѓе во градот се опкружени со луѓе на само 10 метри оддалеченост, но се чувствуваат сами – има малку комуникација меѓу соседите, а пријателите се „презафатени“… Во селото, секое утро ги поздравувате соседите.
6. Секоја дејност во животот насело бара физички активности, како што се обработувањето земја, сеење семе, сечење и собирање дрва в шума, за зимата или помошта за соседот.
7. Прекрасното ноќно небо е само Ваше. Со осветлувањето на градовите, во градот може да се видат само светлата од куќите, семафорите, автомобилите и уличните светилки, коишто, некако, „ги засенуваат“ ѕвездите на небото.
8. Не се грижите за модата. Животот во градот донекаде „нѐ принудува“ да носиме модерна и нова облека… Во селата се живее поедноставно, но и послободно – колку што сакате.
9. Секогаш има празно место за паркирање до домот. Ова, честопати, особено тешко се постигнува во градот.
10. Луѓето во селата се побезбедни. Скоро и да нема начин, на пр. да се фати коронавирус преку разговор со соседот, бидејќи тоа обично се одвива преку оградата во дворот. А, луѓето што живеат во град, воопшто, се поранливи на болести и поради „седечкиот“ живот, брзата храна и многу други фактори.