fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Градежништвото и земјоделството „рај“ за сивата економија

Нискоквалификуваните кадри најмногу циркулираат во сивата економија – односно, голем број на млади лица и пензионери, кои со самото тоа се изложени на секакви ризици, немајќи ниту некаква правна заштита.

Неформалната или „сива“ економија и понатаму е голем проблем за државата и покрај мерките за нејзино намалување. Најприсутна е во сезонските дејности, односно градежништвото и земјоделството, а Државниот завод за статистика проценува дека мажите повеќе се неформално вработени за разлика од жените. Нискоквалификуваните кадри најмногу циркулираат во сивата економија – односно, голем број на млади лица и пензионери, кои со самото тоа се изложени на секакви ризици, немајќи ниту некаква правна заштита.

ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, СТАПКАТА НА НЕФОРМАЛНИ РАБОТНИ МЕСТА БЕШЕ ПРОЦЕНЕТА НА 55%, ВО СПОРЕДБА СО ВИСОКИ 84% ВО ДАЛЕЧНАТА 2011 ГОДИНА. НЕФОРМАЛНОТО АНГАЖИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВО ЗАДРЖУВА ЕДНО НИВО ОД 36% ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ПЕРИОД. ПРИБЛИЖНО ПОЛОВИНАТА ОД НЕФОРМАЛНИТЕ ВРАБОТЕНИ СЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР, ИЗЈАВИ МИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКА.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close