fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Свежото време погодно за прибирање на родот во земјоделството

Влажниот бран, што ја зафати земјава нема да го реши проблемот со сушата зашто недостасуваат многу повеќе врнежи

Намалување на температурите кои се невообичаени за овој период од годината, ќе им годат на земјоделците за прибирање на родот во градинарството на отворено, жетвата на пченката, добирањето на тутунот и неговото сушење, бербата на грозјето и овошките од средностасните сорти, велат агрометеоролозите од УХМР.

Влажниот бран, пак, што ја зафати земјава нема да го реши проблемот со сушата зашто недостасуваат многу повеќе врнежи. Но, полека се губи и потребата од наводнување ако се земе предвид дека вегетацијата е при крај, па и потребите од вода се намалуваат.

-Останува проблемот со подготовките на почвата за раните есенски сеидби кои скоро е и невозможно да се изведаут, особено на незаорани стрништа. Сите овие работи на отворено ќе почекаат некои нови подобри временски услови, пред се со врнежливи денови, истакнуваат агрометеоролозите.

На пчеларите им се препорачува да вршат поинтензивна прихрана со течна храна и да ги спроведуваат сите останати, вообичаени подготовки за зазимување на пчелните семејства.
(МИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close