fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Законот за легализација на дивоградбите повторно ќе се гласа

Закон за бесправна градба во оваа форма нема системски пристап и не нуди решение кое би ставило крај на проблемот со бесправна градба.

Новиот закон за легализација на дивоградбите ќе се носи по локалните избори, а со него ќе бидат опфатени објектите, кои на диво се граделе до 1 јануари 2021 година, најави денеска Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

Министерот не открива детали детали што има во законот, но откри дека од вчера е и доставен до Влада.

 

Ова е втор обид да се донесе закон за легализација на дивоградби со нов термин на изградба, односно изградени после 2011-та (кога беше донесен првиот таков закон и се уште е важечки). Поради огромниот отпор на јавноста, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за законот, а владата го повлече назад од Собранието на доработка.

Со објаснувањето од министерот во пракса значи дека ќе се легализираат дивоградбите изградени и направени во минатата деценија, иако дивоградба во истиот период е кривично дело за кое следува затворска, парична казна и уривање.

Од Комората на овластени архитекти и овластени инженери  пак посочуваат дека нацрт – законот за легализација на дивоградби е во спрега со многу законски регулативи што ја регулираат градбата.

„Закон за бесправна градба во оваа форма нема системски пристап и не нуди решение кое би ставило крај на проблемот со бесправна градба. Напротив, ќе постигне обратен-негативен ефект, кој несомнено ќе биде на штета на правната држава и јавниот интерес. Како таков Законот во оваа форма не би требало да се проследи во собраниска процедура заради негово (идно) усвојување. Предлагаме целосно ново законско решение со ситемски пристап кој би ставил крај  бесправната градба“- велат од Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close