Агро бизнисВестиТоп вести
Симпозиум на Југоисточна Европа за зеленчук и компир
Од денеска до 26 септември ќе се одржи осмото издание на Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир
Од денеска до 26 септември ќе се одржи осмото издание на Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир, во коорганизација на Факултетот за земјоделски науки и храна – УКИМ, а под покровителство на International Society for Horticultural Sciences (ISHS).
Како што најавија организаторите, настанот ќе се одржи виртуелно, а покрај деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, на отворањето поздравно обраќање ќе има министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа како и претставници од FAO и ISHS.
Воведничари се професорите Јуксел Тузел од Универзитетот Еге во Измир, Турција и Даниел Лесковар од Истражувачкиот центар за Земјоделство и машинство од САД. Работниот јазик е англиски.
Симпозиумот ќе може да се проследи на јутјуб каналот на факултетот. https://nezavisen.mk/simpozium-na-jugoistochna-evropa-za-zelenchuk-i-kompir/