fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз

Земјоделци и сточари наплатиле вкупно 162 милиони денари (2,63 мил.евра) од штети покриени со осигурителни полиси за првите шест месеци оваа година.

Градот и мразот се најизразени ризици во земјоделското осигурување. Во првите шест месеци годинава над 70 отсто од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството и сточарството се поради последници од овие природни непогоди. Затоа што земјоделците ги препознаваат градот и мразот како најголеми опасности најмногу вложуваат во осигурување од овие ризиците. За првите шест месеци вредноста на купени полиси кои осигуруваат од град и мраз достигна 5 милиони евра или 26 отсто повеќе од истиот период лани.

Земјоделци и сточари наплатиле вкупно 162 милиони денари (2,63 мил.евра) од штети покриени со осигурителни полиси за првите шест месеци оваа година. Во вкупниот износ на исплатени земјоделски и сточарски штети за уништени посеви, плодови и угинат добиток во континуитет доминира исплатата на штети предизвикани од град и мраз, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Штетите предзвикани од град или мраз континуирано имаат најголемо учество во износот на исплатените штети покриени со земјоделско осигурување. За првите шест месеци од овие природни непогоди се исплатени штети, за уништени посеви и плодови, во вкупна вредност од 117,85 милиони денари (1,9 мил. евра). Тоа е 72 отсто од сите исплатени штети во земјоделството и сточарството во овој период. Слична е статистиката и за првите полугодија во претходните две години. Во 2020 година за штети од град и мраз земјоделците наплатиле 99,5 милиони денари (1,6 мил.евра) односно 74 отсто, а во 2019 година 78 отсто од сите исплатени штети во земјоделството.

Вкупниот износ на штети кои земјоделците ги наплатиле од осигурителните друштва, за првите шест месеци годинава, е 162 милиони денари (2,63 милиони евра). Истиот период лани износот на исплатени штети за земјоделски осигурувања е помал за 22 отсто и  изнесувал 132,4 милиони денари (2,15 мил.евра). Во првата половина на 2019 година земјоделците од штети наплатиле 78,4 милиони денари (1,27 мил.евра).

Што најчесто осигуруваат земјоделците?

Вкупните вложувања на земјоделците и сточарите во осигурување за првото полугодие годинава изнесуваат 398,4 милиони денари (6,5 мил.евра). Тоа е за 20 отсто повеќе во споредба со истиот период 2020 година кога вложувањата во осигурување посеви, плодови и добиток биле 331 милиони денари (5,38 мил.евра). Континуитет во растот на вложувања се бележи и во споредба со 2019 година кога вредноста на земјоделските осугурувања во првата половина од годината изнесувала 241,2 милиони денари (3,92 мил.евра).https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/osiguritelni-kompanii-isplatija-19-milioni-evra-za-shteti-od-grad-i-mraz

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close