fbpx
Без категорија

Цветната оаза на Марина и Томче во село Волкодари: Жена со секогаш миризливи дланки и цветови во очите

Основната дејност на семејството Дочовски е земјоделството.

Цветната оаза, меѓу граѓаните позната како „Куќата на цвеќето“, се наоѓа во с. Волкодери,  Ресен, поточно градината се простира пред куќата на Марина и Томче Дочовски, кои се заслужни за овој рај на Земјата. Одгледувањето на цвеќињата започнало години наназад. Но, тоа останало најголемо хоби на Марина, кое ја исполнува и ја прави среќна. – Куќата и дворот секогаш билe атрактивни за минувачите кои љубопитно застануваа, фотографираа, и со восхит изразуваа желба да купат од нашето цвеќе. Така, моето хоби пред неколку години прерасна во прекрасен семеен бизнис…

Основната дејност на семејството Дочовски е земјоделството. Располагаат со три хектари земја со насади на јаболка. Најмногу ајдарет, а има и златен делишес и муцо.

– Досега, за среќа, имаме добар пласман и задоволни сме. Годинава дополнителен мотив за мене беше наградата што ја добив од Општина Ресен за жена – најдобар земјоделец во Преспа, што многу ми значи. Нашиот Ресен е мал, но многу убав град. Чест и големо задоволство е што покрај незаменливото јаболко, Преспанското Езеро и природните убавини, сега и нашата куќа стана симбол на препознатливост и промоција на градот – ни рече Марина.https://espreso.mk/vi-preporachuvame/fotogalerija-czvetnata-oaza-na-marina-i-tomche-vo-selo-volkodari-zhena-so-sekogash-mirizlivi-dlanki-i-czvetovi-vo-ochite/?

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close