fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Како живеат пензионерите- До 14.000 денари пензија земаат 50,06% од пензионерите

Просечната пензија изнесува 15.854 денари

Вкупниот број на пензионери во август изнесува 325.637, а просечната пензија 15.854 денари, покажуваат податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ).

Најголем дел од пензионерите земаат старосна пензија (219.323), семејна (75.785), инвалидска (30.529). Кај висината на просечната пензија најмала просечна пензија од 8.263 денари имаат пензионерите кои земаат земјоделска пензија, додека највисока просечна пензија имаат воените пензионери и таа изнесува 23.069 денари. Просечната пензија пак кај најголемата група на корисници по старосна пензија изнесува 17.117 денари, пишува редакцијата Пари.

Просечната пензија изнесува 15.854 денари

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување според состојбата на корисници на пензии по групи, најголем дел од пензионерите земаат пензија над 18.000 денари и до 11.000 денари, односно највисоката и најниската група. Пензионерите со пензии над 18.000 денари во вкупната структура учествуваат со 28,8 проценти (93 798), додека со пензиите што се сметаат под минимална до 11.000 денари нивното учество е 26,68 отсто (86 865) .

Или ако се соберат процентите до 14 илјади денари пензија земаат 50,06 проценти од пензионерите, додека од 14.000 па нагоре 49,94 отсто. Или во бројки тоа би било 163 012 пензионери земаат пензија до 14.000 денари додека 162 625 над оваа сума.

Состојба на корисници на пензија по групи на исплата за августhttps://nezavisen.mk/analiza-na-penzii-do-14-000-denari-penzija-zemaat-5006-od-penzionerite-nad-ovaa-suma-4994/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close