fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Драга Валаска-Се вратив од Италија за да не згасне семејната фурна

Митрашинци важи за партизанска престолнина во Источна Македонија

Животниот пат ја одвел Драга Валаска во Италија, но по неколкудеценискиот престој се врати во Македонија и во своето родно село Митрашинци.

Оддалечено 17 километри од Берово, Митрашинци важи за партизанска престолнина во Источна Македонија, затоа што во ова место во 1944 година биле формирани 13. и 14. Македонска ударна бригада.

Многу ми е мило што се вратив и не дозволив да згасне семејната фурна. И брат ми има намера да се врати од Италија, но не сме сигурни дали тоа ќе го сторат и нашите деца“, вели Валаска.

По нејзиното враќање, нивната селска фурна на дрва повторно почнала да пече леб.

„Фурната ни е наследство. Си печеме леб најмалку еднаш или двапати во неделата за да има за сите. Една фурна ни носи 11 леба, чија тежина е речиси два килограми“, вели Драга.

Нејзиниот брат Маринко Баболински вели дека доаѓа секое лето, но има намера постојано да се врати во Митрашинци.

„Речиси 30 години живееме и работиме во Алба во регионот на Торино. Јас и сопругата имаме на ум да се вратиме во Митрашинци, но за децата не верувам. Тие во Италија веќе си формираат свој живот“, вели Маринко.

Митрашинци имало 2.000 жители до почетокот на овој век, кога почна масовното иселување. Младите најчесто заминуваат во Италија. Денес селото брои околу 500 жители.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-vrativ-od-italija-za-da-ne-zgasne-semejnata-furna-veli-draga-valaska-od-berovskoto-selo-mitrashintsi-koe-masovno-se-iseluva-od-2000/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close