fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Почна изградбата на нова сончева централа кај светиниколското село Горубинци

Номиналната моќност на инсталираните 2.196 фото-напонски панели од кристален силикон е еден мегават.

Почна изградбата на нова сончева централа во светниколското село Горубинци. Компанијата МГИ Енергетика ДОО инвестира околу еден милион евра. Номиналната моќност на инсталираните 2.196 фото-напонски панели од кристален силикон е еден мегават.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека Општина Свети Николе е посветен партнер на бизнис заедницата вклучувајќи го енергетскиот сектор. Како спроведувач на владината стратегија за зголемување на енергетскиот капацитет од обновливи извори. Посочи дека општината ги овозможува најдобрите услови и ги става своите капацитети на располагање за бизнис секторот да врши инвестирање во таа област.

Монтажната конструкција дополнително е опремена со подвижен елемент, кој со помош на сензор ќе го следи движењето на сонцето, а со тоа и фотонапонските панели во секој момент ќе бидат свртени кон сонцето, што дополнително ја зголемува енергетската ефикасност и добиеното произведено количество на електрична енергија. При тоа, годишно очекувано производство на електрична енергија е 2.000 kWh или 2.000 MWh, што одговара на избегнување на емисија од околу 1.000 kgCO2/годишно, т.е согорување на 600 килограми јаглен.

Велковски додаде дека овие напори се препознаени од страна на меѓународните компании кои имаат изразен интерес за вложување во оваа сфера.

Со вакви инвестиции во зелена енергија Свети Николе заедно со инвестициите во фотоволтаични централи кај село Амзабегово од 25 мегавати и ветерниот парк кај село Богословец со капацитет од 36 мегавати ќе биде најголем производител на зелена енергија во државата, вели Велковски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close