fbpx
Вести

Откупната цена на јаболката е ниска

 

 

otkupnata cena na jabolkata e niska

За откуп на трпезно јаболко во Преспа се повеќе се заинтересирани руски купувачи, но цената е релативно ниска, оценуваат овоштарите. Според нив, со откупната цена за 12 до 14 денари по килограм прва класа ајдарет и околу 15 денари за црвен и златен делишес, само се покриваат трошоците за производство.

„Оваа цена не е доволна за да бидат задоволни овоштарите затоа што производните трошоците се големи, според одредени пресметки изнесуваат околу 11 денари за производството, гориво, пестициди, заштита, ѓубре, работна рака… На долг рок овоштарите не би можеле да издржат да произведуваат прва класа јаболка за таа цена“, истакна, претседателот на Здружението на овоштари Љубе Пампулевски.

Скоро една третина од годинашниот род е продаден, остануваат речиси две третини или околу 60 проценти за продажба.

„За македонското јаболко има зголемена побарувачка од рускиот пазар, бидејќи цената им го дозволува тоа, но и поради тоа што од земјите од каде што се снабдува јаболката веќе се продадени, па Русите доаѓаат да се обезбедат во Македонија. Само Македонија и Србија од европските земји немаат ембарго за извоз во Русија“, појасни Пампулевски.

Тој укажа дека доцниот пролетен мраз уништи повеќе од половина од годинашниот род, а во некои региони и целосно родот бил измрзнат.

Драстичната промена на температурата и обилните врнежи дожд во почетокот на септември, придонеле за брзо созревање на поголемата количина јаболка, со што нивното траење и покрај тоа што се складирани е пократко и мора побрзо да се продаваат. Овоштарите од Преспа, информира, преку земјоделски задруги планираат организирано да настапат на светските пазари, а со тоа да добијат и повисока откупна цена.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close