Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Новата стратегија за земјоделските задруги
Стратегијата е објавена е на веб страната на МЗШВ и достапна за јавноста.
Новата стратегија „Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028)“ објавена е на веб страната на МЗШВ и достапна за јавноста.
Визијата на стратегијата е да се создаде подобра иднина во која земјоделските задруги ќе можат да ги подобрат своите економски резултати и да го засилат своето социјално влијание без да го зголемат својот еколошки отпечаток.Ова ќе се постигне со одделување на економскиот раст од еколошкото влијание и негово поврзување со социјалното влијание.Иновациите и технологијата ќе играат клучна улога за постигнување на целите на стратегијата.
Ги повикуваме сите релевантни чинители и засегнати страни да ги достават своите забелешки и коментари.