fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата да ги ограничи цените на брашното, маслото, млекото?

Се засилуваат барањата за државна интервенција кај цените на одредени производи за да се спаси животниот стандард и да се задржи потрошувачката.

Има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија, каде што за основните производи може да донесеме одлуки за замрзнување одредени цени, рече министерот за економија Бектеши

Се засилуваат барањата за државна интервенција кај цените на одредени производи за да се спаси животниот стандард и да се задржи потрошувачката. Коментирајќи го предупредувањето на преработувачите дека храната драстично ќе поскапи, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека будно ја следат ситуацијата во делот на глобалниот синџир на снабдување, посебно со прехранбените производи и, ако е потребно, ќе се искористат механизмите за да нема ценовни шокови.

 

 

Од Стопанската комора на Македонија потсетуваат на најавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи за нови мерки за да се заштитат потрошувачите, но предупредуваат дека ако се мисли на замрзнување на цените како минатата година, тоа ќе биде катастрофално и ќе доведе до загуби кај компаниите.

– Минатата година беа замрзнати цените на одредени домашни производи додека на оние од увоз не беа, со што се направи голема штета кај домашните компании – потсети Васко Ристовски од СКМ. 

– Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија, каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување одредени цени, било тоа да се цени за прехранбените производи или суровини што се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба – рече министерот.

Реакција има и од Организацијата на потрошувачите, од каде што потенцираат дека не може да мируваат и дека се исплашени за моменталната ситуацијата. Порастот на цените на производите од 5 до 10 отсто е веќе товар за граѓаните, вели претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова, со порака дека тие мора да бидат вклучени во сите дискусии за цените.https://www.slobodenpecat.mk/vladata-da-gi-ogranichi-cenite-na-brashnoto-masloto-mlekoto/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close