fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На светско ниво-Храната најскапа во последнава деценија

Н„Меѓу главните житни култури, пченицата ќе биде во фокусот на следните недели бидејќи наглиот пораст на цените ќе ја тестира побарувачката“, рече високиот функционер на ФАО, Абореза Абасијан во изјавата.а светско ниво

Цените на храната на светските пазари пораснаа втор месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 10 години, поттикнати од поскапувањето на житото и растителните масла, соопшти Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), пренесува Данас.рс.

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи цените на корпите со основни прехранбени производи, се зголеми во септември за 1,2 проценти во споредба со ревидираната вредност во август, на просечни 130 поени, што е негова највисока вредност од септември 2011 година, а во однос на минатогодишниот септември, е за третина повисока, според Ројтерс.

Во септември, цените на житните култури се зголемија најмногу – за два проценти во споредба со август, што се одрази на зголемувањето на цената на пченицата за речиси четири проценти поради ограничувањето на извозните капацитети во услови на зголемена побарувачка.

„Меѓу главните житни култури, пченицата ќе биде во фокусот на следните недели бидејќи наглиот пораст на цените ќе ја тестира побарувачката“, рече високиот функционер на ФАО, Абореза Абасијан во изјавата.

Растителните масла се за 1,7 проценти поскапи отколку во август, како резултат на порастот на цената на палминото масло под влијание на силната побарувачка од увозниците и загриженоста предизвикана од недостаток на работна сила во Малезија, водечки производител на палмино масло.

Забележливо е и зголемувањето на маслото од репка, но сончогледовото и сојното масло поевтинија.

Во споредба со минатиот септември, цените на растителните масла се повисоки за околу 60 проценти.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close