Признанија за „Најдобри во агробизнисот” за Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје и за Лазо Пендовски на 88-от Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад
Добиените награди, посебно од институции од странски држави како Србија и партнер земјата Чешка, преставуваат голема чест, признание и потврда за високо развиените капацитети за едукација, истражување и лабораториски услуги кои ги има Факултетот
Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на 88. Меѓународен саем за земјоделство кој се одржа во Нови Сад, Република Србија, организиран од партнер земјата Репулика Чешка, освои специјално признание за „Меѓународен допринос во агробизнисот” при оценувањето на квалитетот на услугите како високобразовна и научноистражувачка институција во категоријата „Најдобри во агробизнисот”.
На традиционалната „Вечер на Шампиони”, признанието го прими деканот проф. д-р Лазо Пендовски, кој се заблагодари од името на вработените на Факултетот.
Освоените 2Дипломи за најдобри во агробизнисот” за Факултетот и за деканот проф. д-р Лазо Пендовски, се проследени со додела на два пехара како симбол на најуспешните на Меѓународниот саем за земјоделство на кој учествуваат и се оценуваат голем број стопански субјекти, производители на храна, научноистражувачки центри, агенции и високобразовни институции од областа на земјоделството и ветеринарството од голем број на земји од регионот.
Со доделените признанија за квалитет, Факултетот се стекна со право на користење на логото на Новосадскиот саем за промоција на квалитетот на услугите што е потврда за значењето и улогата на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје како државна институција која во изминатите 30 години континуирано се грижи за безбедноста на здравјето на животните и луѓето нудејќи квалитетна едукација и врвни лабораторски услуги за здравствената заштита на животните и за безбедност и квалитет на храната која ја конзумираат нашите граѓани.