fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

И пчеларството станува се’ позагрозена сточарска гранка кај нас

Медот, моментално е 500 денари со тенденција и уште да поскапува

Покрај огромните проблеми со кои се соочуваат македонските земоделци од безмалку сите земјоделски гранки, и пчеларите мака мачат како својата дејност да ја одржат рентабилна. Дејан Бошкоски е долгогодишен, искусен пчелар, чие семејство преку 25 години се занимава со пчеларство. Но, тој веќе сериозно размислува дали воопшто да го продолжи овој семеен бизнис, бидејќи условите станувале се’ потешки. Вели, климатските промени, нелојалната конкуренција, како и со години непроменетата вредност на субвенциите, си го земале својот данок.

„Медот, моментално е 500 денари со тенденција и уште да се поскапува нагоре, со тоа што го има се помалку чистиот мед во нашата држава..едно од нелојална конкуренција, но и од климатските промени што се помалку ја има таа медонсона флора…Моментално и ние размислуваме дали воопшто да продолжам со пчеларство, иако имам преку 230 пчелни семејства, дури некогаш размислувам од сето да се откажам и крај-краева и да ја напуштам државата“, – објаснува Дејан Бошкоски, пчелар од Прилеп.

На македонските пчелари се’ повеќе проблеми им прават и обврските кои што ги имале кон државата, како што е воведувањето на пашарината, а особено воведувањето на клиничкиот преглед на пчелните семејства, кој според пчеларите е потребен, но не во овој период од годината и од недоволно обучени стручни лица.https://alfa.mk/i-pchelarstvoto-stanuva-se-pozagrozena-zemjodelska-granka-kaj-nas/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close