fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Која винарска визба откупи најголема количина грозје

Просечна цена за вкупната количина грозје изнесува 13,4 денари за килограм и е повисока од просечната цена од 11,9 денари што ја постигнале сите винарници заедно, соопшти „Тиквеш“..

Анализата на податоците од годинешниот откуп покажуваат дека винарската визба „Тиквеш“ и оваа година откупи најголема количина грозје, по повисоки цени во однос на  просечните цени за вкупната реколта.

Имено, од 92 милиони килограми грозје, колку што вкупно се откупени оваа година, „Тиквеш“, со откупени 25 милиони килограми, што е повеќе од 25 отсто од вкупниот откуп, има најголемо учество во однос на останатите откупувачи. При тоа, просечна цена за вкупната количина грозје откупена од „Тиквеш“ изнесува 13,4 денари за килограм и е повисока од просечната цена од 11,9 денари што ја постигнале сите винарници заедно.

Според податоците, „Тиквеш“ постигнал и највисоки просечни цени за сортите вранец и смедеревка, кои традиционално имаат најголемо учество во откупот. Конкретно, „Тиквеш“ за откупениот вранец постигнал просечна цена од 13,6 денари, при што просечната цена на вранецот наменет за производство на квалитетни црвени вина достигнал 14 денари за килограм, а за производство на розе вина – 12,7 денари за килограм, што е повисоко од просечната цена за ова сорта што ја постигнале сите винарници заедно, а која изнесува 11,8 денари. Слична е и ситуацијата кај откупот на смедеревката, каде „Тиквеш“ постигнал просечна цена од 11 денари за килограм, што е за еден денар повисоко од вкупната постигната просечна цена за откупената смедеревка.

За откупеното грозје од другите сорти, „Тиквеш“ постигнал дури и повисоки цени, кои во просек достигнуваат и 16,5 денари за килограм откупено грозје од сортата ризлинг, 16,4 денари за шардоне, 16,1 денари за рајнски ризлинг, по 17 денари за сортите мерло и каберне совињон и 19,7 денари во просек за откупеното грозје од сортата темјаника. Сите овие постигнати цени во просек се повисоки, некаде и неколкукратно, во однос на вкупните просечни цени за годинешниот откуп.https://nezavisen.mk/tikvesh-i-godinava-otkupi-najmnogu-grozje-po-povisoki-ceni-od-prosechnite/

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close