fbpx
Вести

Првиот јавен повик за ИПАРД 2 на почеток на наредната година

prviot javen povik za ipard 2 na pochetok na narednata godina

Во новиот ИПАРД 2 се очекуваат поголем интерес за средствата, особено од преработувачката индустрија. Програмата има олеснување во критериумите и зголемување на кофинансирањето од 50 отсто на 60 отсто. Во ова програма се вклучени и житните и индустриски култури, како прифатливи сектори за поддршка

Првиот јавен повик за користење средства од ИПАРД 2-програмата се очекува да биде објавен на почеток од 2017 година. Програмата треба да овозможи поголем развојот на руралните средини и поуспешен пристап на фармерите до европските фондови. Вредноста на ИПАРД 2 изнесува 60 милиони евра, кои се наменети за кофинансирање на инвестиции во земјоделството.

Во рамки на првиот програмски период на користење на ЕУ фондовите за македонското земјоделство и рурален развој ИПАРД 1 се потпишани над 1.300 договори со вкупна вредност на кофинансирање од 24 милиони евра. На самиот крај на реализација на овој програмскиот период зголемен е бројот на барања, квалитетот на истите, како и апсорпцијата на средства. На последните два јавни повици за користење на средства од ИПАРД 1, особено за мерката 101-инвестиции во примарно земјоделско производство, беа примени над 1.200 барања и голем број од нив беа прифатливи согласно основните критериуми за ИПАРД 1, но бидејќи е крај на програмата и преостанатите средства беа лимитирани се пристапи кон рангирање на добиените проекти во согласност со соодветни критериуми, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство МЗШВ.

Во новиот ИПАРД 2 се очекуваат поголем интерес за средствата, особено од преработувачката индустрија. Имено, на досегашните јавни повици се јавуваа во просек од 15 до 19 компании кои се занимаваат со преработувачка дејност на земјоделски производи. ИПАРД-програмата, покрај тоа што е наменета за земјоделците нуди и одлични можности за модернизирање на преработувачката индустрија.

МН: Зголемено кофинансирање од 50 на 60 отсто

Програмата ИПАРД 2 има олеснување во критериумите и зголемување на кофинансирањето. Имено во мерката која е наменета за поддршка на земјоделските стопанства и задругите кофинансирањето е зголемено од 50 отсто, колку што беше во ИПАРД 1 на 60 отсто. Во ова програма се вклучени и житните и индустриски култури, како прифатливи сектори за поддршка на набавка на механизација и опрема.

Во мерката Диверзификација на фарми и развој на бизниси, која е наменета за микро и мали претпријатија во рурални средини кофинансирањето, е зголемена на 65 отсто. Оваа мерка има најмало искористување во ИПАРД 1, а истата претставува одлична можност за отворање нови бизниси во рурални средини, како што се микро и мали преработувачки капацитети за храна и пијалаци, занаетчии, капацитети за рурален туризам и услуги во рурални средини, како градинки, старски домови, фризерници, козметички салони, автомеханичарски работилници…

Преку оваа мерка првпат е овозможено и кофинансирање на постројки за производство и продажба на енергија од обновливи извори, како геотермална, соларна енергија, енергија на ветер и вода, преработка на растителни и животински отпадоци…

Во рамки на ИПАРД 2 се предвидени 60 милиони евра ЕУ средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој во Република Македонија. Првиот јавен повик за користење средства од ИПАРД 2 се очекува да биде објавен на почеток од 2017 година и тоа за следните мерки: инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства, инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и диверзификација на фарми и развој на бизниси.

МН: Гарантен фонд за поддршка на инвестициите во земјоделството

Кон крајот на 2015 година започна да функционира Гарантниот фонд, првично преку Прокредит банка, а годинава се придружија уште две банки Комерцијална банка и Стопанска банка – Битола и две штедилници “ФУЛМ” и “Можности”.

Од МЗШВ велат дека првичната идеја била овој фонд да биде наменет само за ИПАРД-инвестиции, но поради интересот на банките, како и поради генералната неповолна состојба со финансирање во руралните средини одлучиле гарантниот фонд да е достапен за сите типови капитални инвестиции во примарно земјоделско производство, преработувачка индустрија и економски активности во рурални средини.

Овие банки и штедилници имаат различни категории на кредитобаратели, од мали земјоделци до бизнис-оператори и преработувачи. Поради тоа, од ресорното министерство сметаат дека со овој фонд се покрива и различната структура на земјоделски стопанства и фирми кои работат во рурални средини.

Земјоделците, бизнис-операторите и корисниците на ИПАРД кои ќе побараат кредити за финансирање на инвестицијата од Комерцијална банка, Стопанска Банка – Битола и Прокредит банка и двете штедилници не треба имаат обезбедување, односно гаранција за до 50 отсто од висината на побараниот кредит. Највисока вредност на кредит за кои може да се користи овој гарантен фонд изнесува 500.000 долари во денарска противвредност.

Фондот ќе функционира во наредните 10 години и преку него е планирано да се пласираат кредити во висина до 26 милиони американски долари сите наменети за модернизација на земјоделското производство.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close