fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Куќа во Македонија осигурна на 3,2 милиони евра

Куќа во Македонија осигурна на 3,2 милиони евра. Ако претрпи штета, го ограбат, му изгори или пак се поплави, жител во Македонија како оштета ќе добие 198 милиони денари.

Ова е најголемата сума што може да биде исплатена за штети на недвижен имот на физички лица, објави Агенцијата за супервизија на осигурувањето. А, над 128 илјади граѓани имаат платено осигурување за сопствениот имот.

Рекордот за најголема оштета со платено осигурување за имот, сепак го држи фирма од енергетскиот сектор. Станува збор за сума од 1,26 милијарди евра. Од корпоративниот сектор, пак има над 32 илјади активни договори за осигурување имот.

Претпријатие за јавен превоз на патници пак ја има максималната полиса за наплата на осигурување која изнесува 41 милиони евра.

Од Агенцијата информираат и дека: во приватното здравствено осигурување најголемата сума изнесува 2,3 милиони евра, а станува збор за колективно осигурување од тешки болести на речиси 800 вработени во јавна здравствена установа.

Во класата осигурување од незгода максимална осигурана сума која може да биде исплатена е близу 70 милиони евра, а станува збор за колективно осигурување на 8 500 вработени лица.

Кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност најголемата полиса покрива штети од 1,5 милиони евра. Оваа полиса ја има компанија која превезува експлозивни материјали и се осигурува од материјална и нематеријална штета. Во оваа класа има на 611 илјади активни договори.

Сепак од Агенцијата не ги откриваат имињата на граѓаните и фирмите рекордери по висина на осигурителните полиси.https://kanal5.com.mk/kukja-vo-makedonija-osigurna-na-3-2-milioni-evra/a498599

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close