fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Исплатата на пензиите почнува од 26 октомври

Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.10.2021 година.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.10.2021 година.

Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.10.2021 година. Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.10.2021 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.10.2021 година (четврток); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.10.2021 година (петок).

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close