fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заев-Платата расте, ќе биде 500 евра просечната и 300 минималната

Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра. 

Просечната плата продолжува да расте, во август годинава таа изнесувала 28.642 денари. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец лани, поточно за 1.107 денари.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на покачувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,4%) и Други услужни дејности (12,6%).

Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари.

Податоците го потврдуваат трендот на раст на платите кој е економски резултат на мерките и политиките што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Минималната, просечната плата и пензиите ќе продолжат забрзано да растат. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра.https://pari.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close