Вино
Финансиска поддршка за откуп на Вранец
Поради незаинтересираноста на винските визби за откуп на грозјето од сортата Вранец воведена е нова финансиска мерка за намалување на залихите на вино и за поддршка на откупот.
Винските визби ќе добијат по 3 денари за килограм откупено винско грозје од сортата Вранец во 2016 година ако превземале повеќе 60 и помалку од 130 проценти од вкупното купено грозје од претходната година. Во овој процент не влегува сопственото производство на визбите туку само на лозарите.
Мерката беше да го зголеми откупот и пласманот на пазарите во Европската Унија, со откуп на поголеми понудени количества од лозарите и без да се намали профитабилноста на винарниците.
Винските визби барањата треба да ги достават до крајот на овој месец.