fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бабовски: Храната што ја јадеме е безбедна, ниту една небезбедна пратка не влегува на пазарот

Бабовски подвлекува дека има и небезбедни пратки, но ниту една до нив не влегува на пазарот.

Граѓаните можат да бидат мирни. Храната што ја јадеме е безбедна. Контролите се континуирани и зајакнати, надзорот се засилува, а бројот на инспекции е зголемен, уверува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Во разговорот за МИА по објавувањето на Извештајот од Европската комисија, Бабовски подвлекува дека има и небезбедни пратки, но ниту една до нив не влегува на пазарот. Веднаш се реагира и се постапува крајно професионално. Производот во соработка со економските оператори, се повлекува од маркетите, но само онаа линија која е пријавена како небезбедна и тука не смее да има никаква забуна или дилема.

Бабовски се осврнува и на конкретните забелешки во Извештајот, на реорганизацијата во работењето на АХВ, но и на проектот за отворање кафилерија со која конечно треба да се реши прашањето за нештетно отстранување на угинатите животни.

Бабовски најавува дека за една или 1,5 година во АХВ треба да профункционира сосема нов софтверски систем кој со еден клик ќе овозможи добивање на сите податоци во секое време.

– Максимално се трудиме во државава да има безбедна храна, независно дали се купува во маркетите, во угостителските објекти или во објектите за брза храна. Граѓаните мора да знаат дека во продажба некогаш останува некоја трговска марка иако одреден лот од нејзиното производство бил пријавен како небезбеден. Тоа не значи дека целото производство од таа трговска марка е небезбедно и штетно. Затоа ние преку соопштенија точно кажуваме кој лот, од кој процес на производството на таа трговска марка се повлекува, објаснува Бабовски.https://nezavisen.mk/babovski-za-mia-gragjanite-da-bidat-mirni-hranata-e-bezbedna/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close