fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Над пет милијарди евра за развој на хрватското земјоделство до 2027 година

Првата реформска активност е изградбата на магацинско-дистрибутивните капацитети што недостасуваат како и здружување на производители

Хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ денеска најави дека за развој на хрватското земјоделство во новиот финансиски период до 2027 година ќе бидат обезбедени над пет милијарди евра.
– Што се однесува до повеќегодишната финансиска рамка за земјоделството, можеме да очекуваме повеќе од пет милијарди евра до 2027 година. Точната бројка е 5.292.743.355 евра, но тоа е моментално така и може да се промени во зависност од одредени индекси, изјави министерката Вучковиќ.
Во преодниот период, што ги опфаќа 2021 и 2022 годинасе планира да се потрошат околу 1,75 милијарди куни за земјоделството во Хрватска, додаде таа.
– Едниот дел од оваа сума за преодниот период се однесува на директни плаќања, а другиот дел е за тековните мерки од програмата за рурален развој, а се однесува на мали инвестиции и социјална и комунална инфраструктура и нови специјални грантови поврзани за работа во тешки услови, органско земјоделство, рече Вучковиќ.
Како што наведе таа, првата реформска активност е изградбата на магацинско-дистрибутивните капацитети што недостасуваат како и здружување на производители бидејќи инвестициите сами по себе не носат ништо доколку не се постигне здружение на производители.https://www.vecer.press/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close