fbpx
Вести

Се намалуваат насадите на тетовски јаболка

se namaluvaat nasadite na tetovski jabolka

Тетовското јаболко, иако е надалеку прочуено по својот квалитет, од година в година го има на се помалку насади. Жално е велат производителите, што и покрај одличната клима и почва во тетовско, интересот за одгледување јаболка опаѓа. Петре Златановски од Седларце целиот живот и го посветил на јаболката. Со годините е вели се потешко – слаба откупна цена, големи трошоци за производство, многу вложен труд разбирање, работа, но традицијата на одгледување на јаболка ја продолжува исклучиво поради љубовта и посветеноста на професијата.

За враќање на интересот за одгледување јаболка може да помогне државата, вели Златановски. Овој бизнис бара многу време, пари и посветување, за што треба да се има поддршка. Сепак, ќе продолжат да вложуваат за да добиваат и квалитет.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close