„ПАРИ“ АНАЛИЗА: За две години уделот на храна во вкупните трошоци се зголемил за 6,3 проценти!
Што се зголемува, а што се намалува во структурата на потрошувачката?
Алармантни сознанија откриваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците, во 2018 година, уделот на храната и на безалкохолните пријалоци во вкупната потрошувачка на домаќинствата бил 38,7 проценти, а веќе во 2020 година се искачил на 45 проценти, односно за 6,3 проценти повеќе отколку што бил пред две години!
„Просечното домаќинство во Македонија наменува околу 66 % од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2020 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 66,2 %, пензиите учествуваат со 21,3 %, примањата од земјоделството со 6,7 %, социјалните бенефиции со 1,7 % и примањата од странство со 1,2 %“, велат од Државниот завод за статистика.
Што се зголемува, а што се намалува во структурата на потрошувачката?
Покрај растот на уделот на храната, споредбата на 2020 година со 2018 година покажува и дека за овие две години се зголемил уделот на пари што се користат за алкхолни пијалоци и тутун; за домување, вода, струја и енергенси; како и за мебел и покуќнина.
Во вкупната потрошувачка на домаќинствата се намалил уделот за сообраќај, образование, ресторани, култура и рекреација.
Она што е особено интересно е фактот дека во 2020 година, кога имаме пандемија, и кога сите зборуваат за зголеми здравствени трошоци, статистичлките истражувања покажале нивен помал удел во однос на 2019 и 2018 година. Во 2018 година нивниот удел бил 4,2 проценти, во 2019 година изнесувал 3,5% и во 2020 – 3,1%.
Дистрибуција на потрошувачката на домаќинствата (во %)
ПОТРОШУВАЧКА | 2018 | 2019 | 2020 |
---|---|---|---|
Храна и безалкохолни пијалаци | 38,4 | 43,1 | 45 |
Алкохолни пијалаци и тутун | 4 | 4,2 | 4,6 |
Облека и обувки | 6,1 | 5,1 | 4,3 |
Домување, вода, електрика, гас и други горива | 10,5 | 10,8 | 11,5 |
Мебел, покуќнина, одржување на покуќнината | 4,5 | 4,5 | 5,3 |
Здравје | 4,2 | 3,5 | 3,1 |
Сообраќај | 5,3 | 6 | 5,6 |
Комуникации | 3,2 | 3,8 | 3,6 |
Рекреација и култура | 1,7 | 1,6 | 1,2 |
Образование | 0,4 | 0,4 | 0,2 |
Ресторани и хотели | 4.3 | 4,1 | 2,9 |
Останати стоки и услуги | 5,2 | 5 | 5,8 |
Друго | 11,9 | 8 | 7 |
Вкупно | 100 | 100 | 100 |
1) Вклучува трошоци надвор од личната потрошувачка: отплата на кредити, инвестиции во недвижности и штедење.https://pari.com.mk/pari-analiza-udel-hrana/