fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Усвоена нова Стратегија за вработување – се предвидува невработеноста до 2027 да падне на 11 отсто

Стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти

Владата на денешната седница ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план.

Согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази, од кои првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните последици на пандемијата од КОВИД-19 врз вработувањето и воведување на потребните реформи за почеток на втората фаза (од 2024 до 2027 година) на политиките, која е попрогресивна и насочена кон приближување до Стратегијата за вработување на Европската Унија.

Според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население

.Националната стратегија за вработување е придружена и со Гаранцијата за млади, чиј план за спроведување ќе се преформулира во 2022 година за да се земе предвид постигнатиот напредок, влијанието на пандемијата врз вработувањето на младите и прилагодувањата воведени во Програмата за поддршка на младите на ЕУ со што се очекува значително поголемо вработување на младите, се вели во соопштението од владината седница.https://nezavisen.mk/usvoena-nova-strategija-za-vrabotuvanje-se-predviduva-nevrabotenosta-do-2027-da-padne-na-11-otsto/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close