Утре средба во МЗШВ за новиот правилник за откуп на тутунот на која ќе присуствува Стомнароски и откупувачите
Дали новиот правилник за откуп на тутунот ќе им донесе аир на тутунарите или нови грижи?!
Во текот на утрешниот ден ќе се одржи средба на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа со Сојузот на земјоделски здруженија и откупните компании за тутун. На средбата ќе се разговара за новиот правилник за откуп на тутунот кој беше донесен минатата недела.
Првиот човек на Сојузот Менде Стомнароски, во изјава за Зелена берза вели дека дел од нивните барања за новиот откуп на тутунот се вметнати во правилникот, но има делови со кои и тие не се согласуваат, затоа е утрешната средба да се расчистат дилемите пред новиот откуп на жолтото злато.
-МЗШВ треба да ги информира тутунарите за новиот правилник донесен пред неколку денови. Како Сојуз две години баравме измена на правилникот, дел од нашите сугестии се прифатени, но остатокот е по нивни критериуми. Ние во нашиот правилник предвидуваме да има 4 класа, збирна класа за тутунот со полош квалитет. Се друго да оди во три класи. Утре на состанок ќе го чуеме образложението на МЗШВ, ама и ставот на откупувачите, вели Стомнароски.
А.Б
–