fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Произведен првиот хибриден трактор во светот

видео

Најголемиот производител на органска храна во Европа, групацијата Auga со седиште во Литванија, го претстави првиот светски хибриден трактор напојуван од биометан и електрична енергија, кој се користи за професионална употреба на земјоделска фарма.

Тој е наречен „Auga M1“ и ги решава двете главни пречки кои досега го попречуваа пробивањето на овој тип на трактор на пазарот. Тоа се неефикасниот процес на полнење со биометан и неразвиената инфраструктура на бензинските пумпи. Според извршниот директор на компанијата, Кестутис Јусиус, овој хибриден трактор може да прими повеќе шишиња со метан од конкуренцијата, што значи дека инженерите на Auga нашле решение за да обезбедат непречена работа. Кога ќе се испразнат шишињата, лесно може да се заменат со полни.
Опсервер: Произведен првиот хибриден трактор во светот (Видео) | opserver.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close