Во Раброво почна инсталирањето на канализацискиот систем
За реализација на горливиот проблем на локалното население преку Владата беа обезбедени околу 34 милиони денари за капиталниот проект
На жителите од валандовското село Раброво почна да им се решава деценискиот проблем по што конечно ќе бидат поврзани со фекална канализациска мрежа и колекторски систем за отпадни води кои беа нивни приоритетни барања.
За реализација на горливиот проблем на локалното население преку Владата беа обезбедени околу 34 милиони денари за капиталниот проект, кој после децениски заборав беше поставен на општинската приоритетна листа.
– Системот ќе содржи фекален колектор во должина од 1.659 метри и секундарна канализциска мрежа составена од 22 инсталациски краци чија вкупна должина ќе изнесува 4.570 метри.Со канализацискиот систем ќе бидат опфатени сите семејства и локации кои се предвидени со урбанистичкото проширување на Раброво, велат од општината. https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=439735