Повремени прекини на сообраќајот на патот Кичево – Охрид
Поради изведување градежни работи (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути, соопшти ЈП Македонијапат.

Од АМСМ, пак, информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.