Петнаесетта јубилејна „Костенијада 2021″ во Македонски Брод
На 19 ноември во Македонски Брод ќе се одржи 15. јубилејна „Костенијада 2021", посветена на најзастапена култура во овој регион костенот.
Костенијадата ќе започне на 18 ноември со концерт на „Силви Бенд” и локални групи и пејачи во 17 часот, а ќе се заокружи во петок на градскиот плоштад со изложбата „Златен костен” и концет на фолклорни друштва и солисти од градот и Републиката.
-Петнаесетотто издание на „Костенијада 2021″ ќе се реализира во четврток и петок. Во четврток во 17 часот на градскиот плоштад ќе настапат групата „Силви Бед” и поголем број групи и изведувачи од градот домаќин, истакна Милена Стојческа, директор на Домот на културата и ја најави програмата за вториот ден.
На 19 ноември на градскиот плоштад, посочи таа, ќе биде отворена изложбата на изработки од костен насловена„ Златен костен”, дела на учениците од локалните основни училишта, детската градинка и лицата од згрижувачките семејства од село Долни Манастирец.
– Во 12 часот по дефилето на фолклорните ансамбли и пејачите, на истата локација ќе се одржи концерт на кој ќе земат учество КУД „7 Септември” од Македонски Брод, КУД„ Бисер” Кичево и КУД„ Брвеница” од истоименото село од тетовско. На концетот ќе земат учество и солисти изведувачи на народен мелос, додаде директорката Стојческа.
На повеќе штандови во центарот на градот ќе бидат изложени производи и плодови од Поречкиот регион; костени, мед, домашни ракотворни, сирења и др.
Покрај локалните жители оваа културна манифестација е редовно посетена од поранешни жители на овој регион кои живеат во други градови и голем број на гости од соседните општини пред се Прилеп и Кичево.