Со модерно земјоделство до пласман на најпребирливите пазари во Западна Европа
Видео
За развој на земјоделството неопходни се промени кај домашните производители, но и стимул од државата за поголеми инвестиции. Само така македонските производи може да најдат место на нови пазари пред да ги освојат други
Дванаесет странски сорти грозје се протегаат на повеќе од 100 хектари земја на компанијата „Виториа Фруит“ близу Гевгелија. Ова се последни денови за берба за оваа сезона.
„Имаме количина од 1,5 милиони килограми годишно, од кои добри 90 отсто се за извоз за пазарите во Западна Европа“,
вели Иван Шуклев од „Виториа Фруит“.
Компанијата на Шуклеви е меѓу водечките производители на трпезно грозје во земјава. Но, за да се пробие и на странскиот пазар неопходни биле низа промени – од осовременување на начинот на производство до сертификација на целиот процес.
Клучниот новитет е навидум едноставна опрема – пластични најлони со кои се покрива дел од лозјето на почеток од пролетта.
„Пред да го поставиме најлонот сортата беше со многу слаб квалитет и слаб род. Откако го поставивме најлонот добивме и во квалитет и во квантитет“,
вели Дончо Пејовски, агроном во „Виториа Фруит“
Само за поставување на конструкцијата, на компанијата и требале околу три месеци. Заштитната покривка може да издржи невреме со дожд, град и ветар до 80 км/час.
Повеќе на темата https://360stepeni.mk/video-so-moderno-zemjodelstvo-do-plasman-na-najprebirlivite-pazari-vo-zapadna-evropa/