fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нина Бадриќ и Амира Медуњанин во Македонија на Тиквеш Фестивал на младо вино

Нина Бадриќ ќе ги забавува гостите во сабота и во недела

Регионалната поп-ѕвезда од Хрватска Нина Бадриќ и босанската ѕвезда на севдахот Амира Медуњанин доаѓаат во Македонија на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“  викендов. Престижниот настан, прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и регионот -три дена ќе го слави првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба, под мотото „Да наздравиме за посреќна иднина“. Поканети се претставници на дипломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот, познати јавни личности, деловни пријатели и вработени.

На настанот за кој се бара покана повеќе – освен дегустирањето вино, дружењето и мезењето важен е и музичкиот блок, а во изминатава деценија продефилираа музички ѕвезди од земјата и од странство – од рок, џез, поп –до етно мелос кои се погрижија за врвно доживување и расположение меѓу гостите. Годинава, ексклузивните гости од регионот ќе имаат домашна поддршка со настапите на Мијата и на Дани.Утре, гостите- боеми во душа ќе ги забавува Амира Медуњанин, една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Таа лани, летото имаше концерти на Антички во Охрид, и на Хераклеа во Битола, а годинава, во јули, на летната сцена во Кинотека, во рамки на серијалот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ ѝ се емитуваше концертот одржан во пулската Арена на 3 август 2018 година.

Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со познати светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарече босанската Били Холидеј, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години.

Нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, е посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи, а и во Охрид  беше премиерно претставен пред публиката со неколку нумери.

Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ, која по цели 25 години кариера и многу хитови кои станаа евергрини во срцата на луѓето, дури во 2018 година го одржа првиот концерт во Скопје, во јуни во Македонската Филхармонија, иако претходно гостуваше во Македонија по разни поводи и како заштитно лице на „Орифлејм“. Силна во вокалот, импресивна во интерпретацијата, спонтана, духовита и топла, ќе ги забавува гостите на „Тиквеш“ во сабота и во недела, а на нејзиниот репертоар ќе ги слушнеме нејзините хитови како  „Такви као ти“,  „Чаробно јутро“ до актуелната „Дани и године“,„Нек ти буде као мени“,„Да се опет теби вратим“… Нејзината последна изјава во  медиумите дека одбила вечера со холивудскиот актер Кевин Костнер, заради „некој идиот“ , наиде на симпатии во јавноста.

По разводот со нејзиниот поранешен сопруг Бернард Красниќ, ја врзуваа со неколку малку или повеќе познати мажи од регионот. Љубовниот живот вели дека не сака да го споделува со јавноста, не за да направи мистерија од него, туку затоа што сака да докаже дека една жена која се издржува самата, треба да живее само од музиката, не и од сензациите.https://nezavisen.mk/nina-badrikj-i-amira-medunjanin-vo-makedonija-na-tikvesh-festival-na-mlado-vino/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close