Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски меѓу тутунарите во прилепско
Ги информиравме тутунарите за последните активности околу имплементацијата на финансиската поддршка за тутун предвидена во 5-тиот ковид пакет.
Денеска заедно со заменик – министерот Трајан Димковски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ Зоран Пачешкоски бевме во посета на тутунопроизводителите каде што информиравме за последните активности околу имплементацијата на финансиската поддршка за тутун предвидена во 5-тиот ковид пакет.
Од денеска стартуваше исплатата за 19.060 тутунари на чии сметки ќе се слеат 300 милиони денари.
Корисници на финансиската поддршка се производителите кои предале тутун во откупните претпријатија.
Законското решение предвидува исплата на :
3 денари / кг за II класа тутун.
16 денари / кг за III и IV класа тутун.