Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
До средината на 2024 година Владата планира просечна плата од 34.000 денари
Истата во септември 2021 година, изнесувала 28.869 денари
Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат, во континуитет е забележан раст на просечната плата, објави Владата.
Истата во септември 2021 година, изнесувала 28.869 денари, што е за 5,3% повеќе во однос на истиот месец минатата година, кога изнесувала 27.405 денари.
Според трендот и реалните очекувања, Владата истата планира да ја донесе до ниво од 34.000 денари до средината на 2024 година.