fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Охрид е исплатена наголемата просечна плата од 190.000 денари

Неприкосновен лидер е германската компанија Костал која во Охрид делува од 2016 година, а само 4 години подоцна нејзините приходи достигнаа ниво од 57 милиони ЕУР.

Ретко кога градот Охрид можел да се пофали со успешни компаниски приказни, а тоа да не биде поврзано со туризам и угостителство. Меѓутоа, како и кај многу други градови, така и тука, работите се менуваат и во Охрид веќе може да се забелажат, или се во најава, сериозни индустриски капацитети. Новата енергија на градот, надополнета со неговата убавина, го прави Охрид “светилиште” за најелоквентните човечки капацитети во Македонија. Привлекувањето на стручен кадар со себе ја наметнува и потребата од добро платени работни места, а токму во една од компаниите во топ 10 сегментот рангирани според нето просечна плата се наоѓа лидерот во конкуренција на 8 градови.

Анализата ќе ја правиме согласно расположливите податоци од Бизнисмрежа.мк, кој е наш стратешки партнер во целокупното работење.

Од аспект на финансиските резултати, односно елементот вкупни приходи, може да се изведат следните заклучоци:

Неприкосновен лидер е германската компанија Костал која во Охрид делува од 2016 година, а само 4 години подоцна нејзините приходи достигнаа ниво од 57 милиони ЕУР. Оваа компанија го има и најбрзиот раст во топ 10 сегментот со 52% годишен пораст на приходи.

Единствено компанијата НО.МА.МЕТАЛ е на некој начин втора компанија која има над 10 милиони ЕУР приходи, иако тука евидентен е ефектот од корона кризата. Имено, оваа компанија загубила 38% од приходите генерирани во 2019 година.
60% од компаниите во топ 10 забележале пад на приходи, а со најсилно темпо се одразил врз работењето на П.Н Метал, каде евидентиран е пад од над 48%.

Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

Кога станува збор за остварените добивки, ситуацијата и не е баш така розева. Дури 7 од 10 компании оствариле послаб резултат во споредба со 2019 година, а притоа нема компанија која го надминува прагот од 450.000 ЕУР нето добивка.

ПРОДОЛЖИ СО ЧИТАЊЕ: Целата анализа е достапна на следниот линк – https://pari.com.mk/ohrid-najgolema-prosecna-plata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close