Васко Јосифовски со отворено писмо до Гоце Георгиевски
Донесовте закон кој дозволува увоз на тутун што придонесе за обезвреднување на нашиот труд
До Гоце Георгиевски -претседател на комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство на СДСМ…
-Почитуван господине!
Го прочитав Вашето обраќање до земјоделците тутунари и не можам да подголтнам, а да не Ви одговорам.. Точно е тоа дека на сметките на дел од тутунарите легнаа дел од средствата од ковид пакетот.. Ние, земјоделците многу добро паметиме што и како било години наназад, но, дали Вие паметите што се се случи последнава година? Почитуван, вашата Влада „дозволи“ невиден грабеж на тутунарите.. Вие воведовте субвенции од дури 80 денари за прва класа тутун и дозволивте таа класа да остане само сон.. Донесовте закон кој дозволува увоз на тутун што придонесе за обезвреднување на нашиот труд.. Единствено во ваше време се случува да остане неоткупен тутун и покрај катастрофално ниската цена.. Да ве потсетам господине дека тутунот имаше цена од 165 денари пред десет и повеќе години.. и оваа година.. Да ве потсетам дека тутунари умираа на откупни пунктови… Да ве потсетам дека тутунарите при откупот на тутунот беа оштетени за евро до евро и пол по килограм тутун.. Да ве потсетам дека вие не ни давате ништо ваше, туку ни враќате само мал дел од она што е наше..
Да ве потсетам дека од вашите политики прострадаа и оризарите, лозарите, овоштарите, градинарите, сточарите и жетварите…. Да ве потсетам дека лебното жито се откупи по цена од 9 до 10,5 денари, како пред 20 години.. Да ве потсетам дека при распадот на СФРЈ пиперките од сортата „куртовска капија“ беа една марка, што ќе рече 0,5 евра.. Да ве потсетам дека оваа година во одредени реони цената беше 13 до 17 денари..
За крај почитуван господине, да ве потсетам дека приватни компании вршат откуп на земјоделски производи по багателни цени, па потоа вашата Влада врши доплата на дел од средствата до постигнување на некаква само вам прифатлива цена.. Знаете дека тоа е во спротивност со економската логика и е против законот? Знаете дека на тој начин вие селектирате кои компании ќе опстанат, а кои не? Како што гледате, ние земјоделците многу добро паметиме и дури можеме и вас да ве потсетиме што се сте заборавиле.. За законот за продажба на државно земјоделско земјиште ќе дискутираме во следна пригода.. Ви посакувам пријатни моменти и уживање во читањето на сите потсетувања..
СО ПОЧИТ Васко Јосифовски Тутунска Надеж
Гоце Георгиевски ги потсети тутунарите на режимот и времето кога тутунот го даваа за мизерни цени