fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Исплатата на петтиот пакет продолжува и оваа работна недела

Досега се исплатени 17 илјади тутунари, деновиве средствата ќе се исплатат во целост и кај останатите производители.

Исплатата на тутунарите од владината помош од петтиот ковид пакет продолжува и во текот на оваа работна недела, потврдува за Зелена берза Никица Бачовски, директор на Платежната агенција, откако дел од тутунопроизводителите реагираа дека не зеле средства од помошта, која почна да се исплаќа во петокот.

Според првиот човек на Платежната агенција досега с еисплатени околу 17 илјади тутунари, што останува за исплата на уште над 2 илјади тутунопроизводители.

Што се однесува до прашањата на тутунарите зошто помошта  е исплатена од предадените количини тутун кај еден откупувач, а не и кај вториот откупувач, Бачовски уверува дека станува збор за различни налози кои ќе бидат исплатени во целост, и дека нема простор за загриженост.

Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат во петокот започна со исплатата на финансиската поддршка за тутунарите во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 и на сметките на производителите на тутун веќе почнаа да стигнуваат парите за откупените количини.

Над 19.000 тутунари, наши сограѓани, добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close