fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Анализа на „Пари“: Македонија во канџите на енергетската зависност

Во изминатите дваесетина години домашното производство на електрична енергија постојано опаѓа, а се зголемува зависноста до увоз.

Порталот Пари изработи анализа за енергетската зависност на нашата земја, која покажува дека во изминатите дваесетина години домашното производство на електрична енергија постојано опаѓа, а се зголемува зависноста до увоз.

Во однос на сите енергенти измерената енергетска зависност на државата во 2000-та година била 39,9 отсто, во 2010 година изнесувала 44,1 отсто, а во 2020 – 63,7 отсто! Овие бројки кои покажуваат како државата се повеќе е во канџите на енергетската зависност ги открива Државниот завод за статистика. Со оглед на тоа дека гас и нафтени деривати никогаш и не сме имале, јасно е дека енергетската зависност се темели на увозот на електричната енергија како енергент, како и на јагленот кој се користи за нејзиното производство.

Вкупна енергетска зависност:

1Нето-увозот претставува разлика помеѓу увозот и извозот на енергентите во и од земјата.

Цените на берзите на електричната енергија коишто достигнаа и над 200 евра за мегават-час, што е за повеќе од 3 пати од ланските, уште еднаш покажаа што значи да се има сопствено производство на струја. За жал, податоците покажуваат значително намалување на домашното производство на струја, и тоа особено на државното производство.

Според Регулаторната комисија за енергетика, домашното производство на електрична енергија во 2010 година било 6.744 GWh, а во 2020 година изнесувало 5.127 GWh, или 24 отсто помалку. Притоа, најголемо влијание врз ова намалување има производството на АД ЕСМ Скопје, коешто во 2010 година изнесувало 6.476 GWh, додека во 2020 година изнесува 3.643 GWh, или 44 отсто помалку.

Домашно производство на струја:

Целата анализа ТУКА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close