fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Струјата може да поскапи 20 отсто

Сѐ поизвесно е дека граѓаните од следната година ќе плаќаат значајно повисока цена на струјата, откако државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го изработи и достави до Влада планот за производство за 2022 година и финансискиот план

Сѐ поизвесно е дека граѓаните од следната година ќе плаќаат значајно повисока цена на струјата, откако државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го изработи и достави до Влада планот за производство за 2022 година и финансискиот план, објави ТВ24.

Телевизијата дознава дека производната цена на струјата на ЕСМ, која е еден од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата, од сегашните 36 евра, најверојатно ќе порасне на 45 евра за мегават-час, што е зголемување од околу 20 отсто. Државната компанија во дописот адресиран до Владата дава различни пресметки, цени и количини – и што ќе значи секоја од нив финансиски, пишува ТВ24.

Зголемување ќе бара и државната МЕПСО, но компанијата засега сѐ уште анализира. Директорот Куштрим Рамадани  вели дека точни пресметки би имале следниве денови, но и оти сепак учеството на МЕПСО во крајната цена е минимално.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, сѐ уште е рано да се зборува дали ќе поскапи струјата и колкаво ќе биде евентуалното зголемување на цената. Тој вели дека конечната одлука ќе ја донесат откако ќе ги добијат пресметките од компаниите.

Македонија од 9 ноември и официјално е во енергетска криза. На компаниите досега им беа вбризгани 65 милиони евра за покривање на трошоците кои ги имаа изминатиов период. Надлежните најавија дека ако е потребно, ќе има и дополнителна финансиска помош.https://nezavisen.mk/strujata-mozhe-da-poskapi-20-otsto/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close