Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Викендов ќе се одржи Фестивал на италијанска храна во Скопје со богата и забавна програма
Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.
Фестивалот на италијанска храна во Скопје ќе се одржи на плоштад Македонија, на 04 и 05 декември, во организација на Амбасадата на Република Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje, соопштија организаторите.
Настанот на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот е со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.
Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…
Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.
Исто така предвидена е и лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите COIN CASA, NEPTUN, BOTTEGA DEL GUSTO, EUROLAB, BOTTEGA DEL VINO.
На 4 декември во 12.00 часот настанот ќе го отвори Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри. Цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и уживање во италијанска храна.
Во сабота, 04 декември, од 15 до 17 часот, посетителите ќе можат да уживаат во несекојдневно музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со Павле Камилоски.
Учесници на настанот се: Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб, ИТА Бренд, Амброзија Беха, Јес паста.