Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски-Ќе следи исплата на млеко, заклано јагне, органско производство…
За Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој, се прераспределија дополнителни 700 милиони денари.
На последната седница на Владата се усвои точка за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници.
По тој основ, за Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој, се прераспределија дополнителни 700 милиони денари.
– Добивме 700 милиони денари, средства кои ќе ги искористиме за исплата на субвенциите за млеко, заклано јагне, органско производство и други заостанати мерки. На овој начин завршуваме со комплетната исплата на 2020 година и веднаш после носењето на Буџетот за 2022 година, стартуваме со исплата на земјоделската 2021 година – изјави Никица Бачовски, директор на АФПЗРР. за Агротим