Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Јетон Шаќири ќе раководи со Министерството за земјоделство!?
Извори од ДУИ потврдија дека Јетон Шаќири ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Извори од ДУИ потврдија дека Јетон Шаќири ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пренесува Фактор.мк.
Шаќири досега го водеше Министерството за информатичко општество и администрација.
МИОА, со вчера потпишаниот договор меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, ќе го предводи човек на новиот коалиционен партнер.
Во меѓувреме, Земјоделството го водеше Арјанит Хоџа од Движењето Беса, но партијата ја напушти Владата, влегувајќи во опозицискиот блок.
И првиот вицепремиер Артан Груби најави дека земјоделството ќе и припадне на ДУИ.https://faktor.mk/jeton-shakjiri-kje-rakovodi-so-ministerstvoto-za-zemjodelstvo