fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Минималната плата по Нова година ќе биде 18.000 денари, ценовни шокови за струјата не се очекуваат

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека расте минималната плата, која од 9.000 денари во 2017 година, сега е над 15.000 денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека расте минималната плата, која од 9.000 денари во 2017 година, сега е над 15.000 денари.

-Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година. Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100 отсто за четири години, колку што не е направено со години наназад, рече Бектеши.

Во однос на цената на струјата, министерот Бектеши појасни дека не се очекуваат ценовни шокови.

Тој напомена дека ДДВ на струја нема да се зголеми, а во функција се ставени сите капацитети за производство на електрична енергија во државата.

-РЕК Битола работи со два блока, ТЕЦ Осломеј е ставен целосно во функција, се подобруваат акомулациите, за десетина дена ќе биде во функција ТЕЦ Неготино, денеска е веќе набавен мазут, засилено се градат фотонапонски централи и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, додаде министерот Бектеши.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close