fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Уни Агро е добитникот на најголемата исплата на грант годинава преку ИПАРД-програмата

Кои македонски фирми добија најмногу пари од ЕУ во 2021?

Уни Агро е добитникот на најголемата исплата на грант годинава преку ИПАРД-програмата која ја спроведува платежната Агенција за поддршка на земјоделието и руралниот развој.

Велешката компанија во 2019 започна со инвестирање во фабрика за сточна храна и за тоа доби годинава неповратни 51.639.594 денари, пренесува Фактор.мк.

Агроандика од Ростуше, која пред две години започна со изградба на гостинскиот конак кај Бигорскиот манастир, е на второто место со исплатени 35.531.935 денари. На третата позиција е Јоки Комерц, компанијата позната по своите иновации во Живинарската фарма Долнени, со поврат на 26.449.947 денари.

Досега во 2021 агенцијата додели околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица. Во оваа сума ЕУ има учество од 75 отсто, а со 25 проценти учествува државата. Пет години од исплатата е рокот по кој сопственикот не смее да ја продаде инвестицијата.

 

Парите се добиваат за инвестиции како од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, преработка на производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области вон град.

– Откако ќе започне реализацијата на инвестицијата, ние континуирано вршиме контроли како таа се спроведува. На крајот, најмалку половина од вложените средства се исплаќаат назад, а најмногу тие можат да бидат 65 отсто, вели Никица Бачовски, директорот на платежната агенција.

Годишно има и до 90.000 апликанти. Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој парите ги исплаќа откако ќе заврши инвестицијата, со која не смее да се започне пред да биде постигнат договорот.

Историски гледано, досега рекордна сума преку ИПАРД има повлечено преработувачкиот капацитет за месо „Подгорка“ од Струга, која во 2019 доби 2 милиони евра.https://faktor.mk/koi-makedonski-firmi-dobija-najmnogu-pari-od-eu-vo-2021

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close