fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Органското производство во охридскиот регион во зародиш

Само двајца земјоделци во охридско се сертифицирани за органско производство, а ниту еден пчелар од овој регион не ги исполнува условите.

Само двајца земјоделци во охридксиот регион имаат сертификат за органско производство. Едниот од нив е Акин Сезер, земјоделец од Турција, кој десетина години живее во Охрид.

Добил сертификат и е во почетна фаза на прилагодување кон органско земјоделство. На бавчата во „Андон Дуков“ сади органски садници со семиња донесени од Турција. Успешно произведува повеќе илјади корени на артичока, аспарагус, патлиџани, пиперки, јагоди и други видови зеленчук и овошје. Вели дека не употребува пестициди и дека на неговата плодна бавча има исклучиво органско производство.

Јас веднаш почнав ставка за органски производи и веќе имаме сертификација во прва фаза. Сега имаме две години пат, треба да се одржува органското производство според пропишаните протоколи. Клиентите сакаат да купуваат органски производи, сакаат здрава храна без пестициди. Имаме пласман, имаме заинтересирани купувачи кои сакаат да користат органска храна во Охрид, вели за „Вистиномер“ Сезер.

Прилагодувањето кон органско производство е многу долг и скап процес, а земјоделците не успеваат да ги користат средства од ИПАРД програмите бидејќи, како што велат, се доста комплицирани.

Не сум аплицирал за ИПАРД, тие програми се комплицирани за мене. Се бара да вложуваш од сопствен џеб, а потоа после извесен период се чека да добиеш повратни средства, што и не е сигурно кога и дали ќе ги добиеш, додава Сезер.https://vistinomer.mk/organskoto-proizvodstvo-vo-ohridskiot-region-vo-zarodish/

НЕМА ПЧЕЛАР ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН, КОЈ ПРОИЗВЕДУВА ОРГАНСКИ МЕД

Ниту еден пчелар од охридскиот регион не произведува органски мед. Од вкупно 65 регистрирани пчелари во „Пчеларското здружение Охрид“, ниеден нема сертификат за органско производство. Велат дека сакаат, но потребни се многу пари за преадаптација на производството.

Има две агенции во државата кои одобруваат органско производство на мед и пчеларство. Процедурите се комплицирани. Нема органски шеќер, нема органски прихрани, никој не ги произведува. Треба да се промени целата опрема што е навистина голема инвестиција, Има период за адаптација од неколку години, но инвестицијата е голема за буџетот на пчеларите, вели во изјава за „Вистиномер“ Тони Јосифоски, претседател на „Пчеларското здружение Охрид“.

https://vistinomer.mk/organskoto-proizvodstvo-vo-ohridskiot-region-vo-zarodish/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close