fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Забрана за камиони и автобуси на патните правци Тетово-Попова Шапка и Маврово-Жировница

Забрана за тешки моторни возила утрово има на патните правци Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка, каде е воведена забрана и за автобуси, а за останатите е задолжителна употреба на зимска опрема.

Забрана за тешки моторни возила утрово има на патните правци Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка, каде е воведена забрана и за автобуси, а за останатите е задолжителна употреба на зимска опрема. АМСМ информира дедка сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2021 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close