fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Тутунска надеж“ се вклучи во откупот на тутунот со двајца овластени контролори во Битолскиот и Прилепскиот регион

Нашата цел е зголемување на просечната цена, а таа цел не може да се постигне ако сме само обична публика на терен, вели Јосифовски.

Новоформираното здружение „Тутунска надеж“, зема активно учество во процесот на откупот на тутунот по што реши да определи свои луѓе како контролори на работа на повереници и откуп.

Од здружението велат дека „Тутунска надеж“  се вклучи во откупниот процес со двајца овластени контролори во Битолскиот и Прилепскиот регион.

-Целта е да се зголеми контролата врз работата на поверениците и да се има увид во (не) реалната проценка на тутунот. Нашите претставници се овластени за сите откупни пунктови секој на својот регион. Денешните извештаи од откупните пунктови говорат за подобрување на проценката. Се разбира дека не може да кажеме дека сме задоволни и ќе продолжиме со борба за многу поголема просечна цена бидејќи покрај подобриот квалитет од минатата година го имаме во предвид и големото покачување на производните трошоци и трошоците за живот воопшто. Нашата цел е зголемување на просечната цена, а таа цел не може да се постигне ако сме само обична публика на терен. Само играч во натпреварот може да влијае на резултатот, вели Васко Јосифовски од „Тутунска надеж“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close