fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Шапуриќ-Тутунот се откупува по просечната цена од 181,6 денари

Инспекторатот е постојано на теренот и ја следи откупната кампања, изјави Шапуриќ.

Сите осум откупувачи ги отворија 173-те пункта. Досега се откупени 2.050 тони по просечна цена од 181,6 денари.

Според Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, динамиката е добра и полека се зголемува просечната откупна цена.

– Тутунот се откупува со добра динамика. Отворени се сите 173 пунктови во земјава и тутунот го купуваат осум откупни претпријатија. Досега нема никакви проблеми. Конкретно, до вчера се откупени 2.050 тони по просечна цена од 181,6 денари. Просечната цена полека се зголемува. Само за пример, вчера се откупени 600 тони по цена од 185 денари. Инспекторатот е постојано на теренот и ја следи откупната кампања, изјави Шапуриќ.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close